Чедомир Јаневски добива ново засилување во Вардар, но, овој пат не во играчкиот кадар туку на тренерското место. Значи, веќе е се договорено, Јаневски крај себе на клупата на Вардар ќе го има поранешниот белгиски репрезентативец, Стафан ван дер Хејден.
Ван дер Хејден доаѓа во Вардар токму по барање на Јаневски. Хејден и Чеде заедно работеа во Белигја во тимот на Васланд-Беверен.
Се очекува Чеде да добие големо засилување крај себе, засилување кое добро си ја знае својата работа исто како и новиот тренер на Вардар.