Вардар стигна до втората последователна победа во СЕХА-лигата, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански убедливо беше совладана екипата на Горење. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 32:19 (12:11)
Црвено-црните добро го започнаа натпреварот со серија од три последователни имаа водство од 3:0 а мечот со гол го отвори Кристопанс. Екипата на Горење цели седум минути чекаше за првиот гол, откако во просторот од шест метри фаулиран беше Тоскиќ, по што судијата покажа седмерец за противникот, а него успешно го реализираше Матјаж Брумен. Вардарци направија нова серија од 3:0 и имаа водство од 6:1, за гостинот од Словенија да започне полека да ја топи нашата предност. На нашиот гол започна Штербик кој имаше неколку добри одбрани. На средината на првото полувреме, Вардарци имаа водство од три гола разлика (7:4) за да следи период од пет минути кога не можевме да го пронајдеме патот до мрежата на Ферлин, а на спротивната страна Горење постигна четири последователни погодоци, за прво водство на Горење од 7:8 во 20 минута. Тренерот Раул Гонзалес побара тајмаут за да ги смири своите избраници, кои во следните минути ја вратија предноста. Имаше Вардар водство од 11:9 и 12:10, но избраниците на Бабиќ успеаа по истекот на првите 30 минути да намалат на само еден гол разлика и на одмор да се замине со резултат од 12:11.
Второто полувреме со гол го отвори Иван Чупиќ и тоа со неговиот втор погодок од седум метри за веднаш после него да погоди и нововлезениот Македа, за предност од 14:11. По шест минути игра имавме веќе предност од 17:13 со нов погодок на Иван Чупиќ од седу метри. Вардар сврзува два нови гола по ред и тоа преку Марсениќ во контра напад, за да имаме најголемо водство од 20:14, за да следи нов гол на Дибиров за веќе убедливи 21:14 во 41 минута од мечот. Тренерот на Горење повика минута одмор, по што неговите избраници го намалија резултатот на 21:16. Прв гол на натпреварот постигна и Кањелас, за Вардар да ги врати плус седум гола разлика (25:18). Во игра влегоа Очнчев и Поповски, а токму десното крило успева да го постигне својот прв гол на денешниот дуел. Следиме прекрасен гол и на Јана Војводиќ, како и на Тоше Ончев, за највисоки 28:19 во 55 минута. Штербик стигна до седмата одбрана, додека Војводиќ со својот трет гол носи двоцифрено водство од 29:19. На крајот конечниот резултат гласи 32:19.
Најефикасен беше Чупиќ со 5 и Марсениќ со 4 голови.Во петок играме нов натпревар во рамките на СЕХА-лигата, против екипата на Брест Мешков, во истава сала со почеток од 17:45 часот.