Според информациите кои ги пласираше ракометниот портал 24Ракомет, Давид Дејвис ќе биде помошник на Едуард Кокшаров на клупата на машката Руска ракометна репрезентација. Познато е дека спортскиот директор на РК Вардар, Кокшаров е назначен за нов селектор на Русија, кој решил за помошник да го донесе токму помошниот тренер на Вардар и Раул Гонзалес, тоа е шпанецот Давид Дејвис. Според 24Ракомет, договорот паднал кога, претседателот на Руската ракометна федерација бил во посета на Скопје.
Без разлика на новата функција, Давид Дејвис останува помошник на Раул Гонзалес, на клупата на Европскиот шампион. Кокшаров и Дејвис ќе се обидат да ја вратат старата слава на “зборнаја“, после неуспешните квалификации за пласман на Европското првенство во Хрватска.