Стeфан ван дер Хејден и официјално е претставен како нов помошен тренер на Чеде Јаневски, на клупата на нашиот фудбалски шампион. Поранешниот репрезентативец на Белгија стави потпис на двегодишен договор со екипата на Вардар и повторно ја враќаат соработката со Јаневски, откако беа заедно и на клупата на Васланд-Беверен.
Од денес белгиецот ќе има можност да се запознае со играчите на Вардар и заедно со Јаневски ќе се подготвуваат за натппреварот против Силекс, кој се игра во сабота на арената “Филип Втори“, а потоа сите мисли ќе ги насочат кон првиот натпревар од групната фаза на Лига Европа, против екипата на Зенит. Дефинитивно Вардар доби квалитетен тренерски тандем, кој треба да го донесе кон уште поголеми успеси на Европската сцена.
Белгиските медиуми исто така ја соопштија веста за неговот доаѓање во Вардар и повторната соработка со Чеде Јаневски.