Вардар и Еурофарм Работник ќе играат на првиот супер куп во историјата на Македонскиот ракомет. Се очекува супер купот да прересне во традиција во наредните години, кој ќе се игра на почетокот на секоја нова натпреварувачка сезона. Црвено-црните имаат можност за првиот трофеј во новата сезона и за збогатување на својата колекција.
Минатата сезона двете екипи одиграа три меѓусебни натпревари, од кои два беа во рамките на плеј-офот од супер лигата и оној во големото финале од купот на Македонија, кога во Битола, Вардар успеа да издвојува победа и да го освои националниот куп. Двата меча во супер лигата им припаднаа на црвено-црните, кои најпрво на гостувањето во Битола славеа со резултат 19:24, за на реваншот во Јане Сандански да слават уште поубедливо со резултат 37:19. Во финалето на купот бевме подобри со резултат 31:26 .
Еурофарм Работник минатата сезона заврши на петтата позиција во супер лигата. Што се однесува до составот на тимот кој ќе се натпреварува во новата сезона, во екипата предводена од Андон Бошковски ги нема Ашраф Адли и Монтеро Де Барош, а нивни замени се Црнагорскиот репрезентативец Марко Чампар и Македонскиот репрезентативец, Гоце Олјески. Освен тоа во екипата пристапија и голманот Филип Ивановски, кој минатите две години ги помина како голман на Вардар Јуниор, како и интернационалецот од Хрватска, Лука Ковачевиќ. Во екипата останаа играчи како Чурлевски, Пецаковски, Мајнов, З.Мојсоски, Чаневски, Талевски, Крстевски, Трајковски.
Пред денешниот меч, екипата на Еурофарм Работник одигра два контролни натпревари против тимот на Железничар од Ниш, на кои забележаа една победа и еден пораз. Главниот дел од подготовките го одработија во Маврово, каде спарингуваа со екипите на Охрид, како и против Прилеп во Битола. Се работи за солидна екипа, која ќе претставува подготовка за Вардарци, пред првиот натпревар во лигата на шампионите, кој го играме во недела во Полска, против тимот на Висла Плок. Денешниот натпревар од супер купот започнува во 17:00 часот во С.Ц. Јане Сандански. Цената на билетите е само 50 денари.