Од утре па се до петок во Подгорица ќе се одигра првиот турнир во регионалната женска лига, на кој ќе настапат екипите на Вардар, Будуќност и Крим. Поради откажувањето на Подравка, лигата оваа сезона ќе ја сочинуваат само три екипи, а натпреварите ќе им бидат подготовка за она главното што ги очекува во лигата на шампионите. Новитет оваа сезона беше на сите турнири да се натпреваруваат и младинските екипи на овие три клуба, но на првиот турнир во Подгорица наместо младинските на Вардар ќе настапи Спорстката академија на Македонија, која ја сочинуваат ракометарки на Вардар и Металург, со исклучок на една девојка која доаѓа од екипата на Куманово.
Од ракометниот клуб Вардар, репрезентацијата на спортската академија на турнирот во Подгорица ќе ја претставуваат: Андреа Илиќ, Јована Мицевска Слободанка Кицеска, Сашка Филипоска, Ива Божиноска, Леонида Гичевска, Милица Николиќ и Ања Велкова.