Утре нашиот фудбалски шампион го игра првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против екипата на Зенит. Вардар направи историја со пласман во групната фаза од ова натпреварување и ќе се обиде да стигне што подалеку во второто по квалитет фудбалско натпреварување. Екипата на Зенит ќе биде првата пречка за црвено-црнит во групната фаза, играчот на Вардар, Тигран Барсегјан се надева дека обдничката серија ќе продолжи и во четврток против екипата од Русија. За официјалната страна на клубот, тој го изјави следново:
-Низ досегашните натпревари во Европа, покажавме дека имаме добар тим и дека можеме да се носиме со секого. Особено на домашен терен каде што остваривме три победи во исто толку натпревари. Се надеваме дека таа серија ќе продолжи и против Зенит. Играме против многу силна екипа, но така беше и со Фенербахче, па ние победивме и на двата натпревари. Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат.
Барсегјан очекува голема поддршка од своите навивачи, кои треба да бидат 12-тиот играч на Вардар на утрешниот натпревар.
-Повеќе публика, тоа подобро за нас. Тие се нашиот 12-ти играч, ни даваат мотив да играме и да се претставиме во најдобро издание. Ние ќе им се оддолжиме со максимална игра и се надевам на крајот со победа. Дојдовме до групната фаза, и сега треба да мислиме како да освоиме што повеќе бодови во натпреварите кои претстојат. Исто така во овој натпревар влегуваме во добра серија од пет победи која се надеваме и посакуваме да продолжи, истакна Барсегјан.