Thursday ,24 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Екипата на Пролет недораснат противник за црвено-црните

Екипата на Пролет недораснат противник за црвено-црните

Тимот на Рк Вардар го делат уште два натпревари до освојување на нова Шампионска титула. Во рамките на Супер-лигата, црвено-црните забележаа убедлива победа на гостувањето против екипата на Пролет. Без поголеми проблеми како на тренинг, избраниците на Раул Гонзалес забележаа висок триумф од 20:37. Момците играа онолку колку што е потребно да се совлада противникот. Уште од почетокот на мечот се одлепивме, за на полувреме да заминеме со солидна предност од 10:17.

Во второто полувреме разликата константно се зголемуваше во наша корист. Како одминуваше натпреварот, домаќините немаа сила да му парираат на црвено-црниот состав. Гонзалес успешно ја ротираше екипата, давајќи им можност на сите кои му беа на располагање. Вардарци рутински го привршија овој дуел кон својот крај, забележувајќи нов триумф во првенството. До крајот на сезоната, остануваат уште два натпревари за одигрување. Во недела се игра мечот со Металург, во салата во Автокоманда,каде можеме да ја потврдиме новата титула.

На денешниот меч, тренерот Гонзалес му даде шанса за настап и докажување на уште еден млад ракометар, кој настапува за младинската екипа. Тоше Ончев максимално ја искористи пружената шанса од тренерот и беше најефикасен играч. Натпреварот го заврши со вкупно осум постигнати голови. Терзиќ и Марковиќ постигнаа по пет погодоци.