Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар со максимален ефект на победи ја заокружи сезоната во Супер лигата
Жрк Вардар со максимален ефект на победи ја заокружи сезоната во Супер лигата

Жрк Вардар со максимален ефект на победи ја заокружи сезоната во Супер лигата

Вардарки го одиграа и последниот натпревар во првенството за оваа сезона. Во малата сала во С.Ц. Јане Сандански високо беше поразена екипата на Ѓорче. Само формално бевме гостинки на овој дуел. Избраничките на Кастратовиќ и Питлик доминираа во текот на целиот меч, забележувајќи на крајот висока победа (18:46). Цели десет минути им беа потребни на тимот на Ѓорче да ја погоди нашата мрежа. Пред тоа Вардар направи серија од 7:0, одлепувајќи се од противникот уште на самиот старт на дуелот. До крајот на првото полувреме ја зголемувавме предноста, за на пауза да се замине со резултат 9:22.

Во второто полувреме условно “домаќинките“ постигнаа идентичен број на погодоци. Напротив во нашата екипа во секоја минута се менуваа стрелците во секој напад. Црвено-црните рутински го приведоа натпреварот во своја корист, забележувајќи ја вкупно 20 победа од исто толку одиграни мечеви. Ова беше последен натпревар за девојките оваа сезона, каде ја освоија двојната титула на домашната сцена. Најефикасна ракометарка беше Итана Грбиќ со 10 погодоци

Вардар: Петковска, Лејно, Стојановска 2, Гакидова 7, Митова 7, Лазовиќ, Дембеле 2, Сокач, Алтхаус 1, Кликовац 5, Пенезиќ, Черноиваненко 6, Ихнева 6, Хмирова, Грбиќ 10.