Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тоше Ончев: Настапот за првиот тим, значи чекор понапред во мојата кариера

Тоше Ончев: Настапот за првиот тим, значи чекор понапред во мојата кариера

Рк Вардар продолжува со настапите во Супер лигата, паралелно со тоа и забележува нови победи. Екипата на Пролет беше следната екипа, која беше високо поразена од црвено-црниот состав. Црвено-црните забележаа нов висок триум изразен во позитива од 17 гола разлика 20:37. Радува фактот што тренерот Гонзалес на последните неколку мечеви се одлучува во првиот тим да внесе играч од младинската екипа на клубот. Овој пат шанса да заигра доби младиот Тоше Ончев, кој изненадувачки беше и најефикасен играч во редовите на Вардар. Зад неговото име на крај беа запишани 8 голови.

  •  Не очекував дека ќе ме повикаат денеска. Чуството неможе да се опише да се игра со такви звезди и чуството да бидеш најдобар стрелец е неописливо. Сакам да изразам голема благодарност на тренерот Раул Гонзалез што имаше доверба во мене и за мене ова значи еден чекор понапред, изјави Тоше Ончев за нашиот сајт.

Звонко Ивановски