Кадетите на Фк Вардар се освојувачи на купот на Македонија, за сезона 2014/2015. Во големото финале, кое се играше на теренот на ФФМ, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Работнички. Конечниот резултат беше 1:0, со погодокот на Есмин Личина.
- Конечно и првата титула! Денеска на теренот на Фудбалската Федерација на Македонија го одигравме финалниот натпревар во Купот на Македонија за кадети, против екипата на Работнички. Во еден исклучително цврст и можеби за око недопадлив натпревар извојувавме значајна и сосема заслужена победа, со која потврдивме дека оваа генерација на Кадетите на Вардар е една од најнадежните. Во оваа прилика сакам да им честитам на сите мои соиграчи како и на раководството на клубот, пред се на тренерот Љупчо Марковски-Калц за овој голем успех.
На четири кола до крајот, оваа генерација се наоѓа на првото место на табелата со големи шанси да го освои и првенството.
- Овој трофеј е само увертира за она што следува, а тоа е она главното – титулата кадетски првак на Република Македонија, изјави Филип Јошевски за Вардарфанс.
Звонко Ивановски