Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ацо Стојков првото засилување на ФК Вардар
Ацо Стојков првото засилување на  ФК Вардар

Ацо Стојков првото засилување на ФК Вардар

Првото засилување на црвено-црните во пресред на европските мечеви од квалифинацискиот дел на Л.Ш е Ацо Стојков поранешниот македонски репрезентативец и екс играч на ФК Вардар. Истиот по речиси двогодишна пауза повторно се враќа во редовите на ФК Вардар. Истиот доаѓа како слободен играч одкако му истекува договорот со Шампионот на Албанија .

Последен клуб во кој настапуваше Ацо Стојков беше Албанскиот прволигаш ФК Скендербег од каде и се враќа во редовите на црвено-црните. Стојков имаше своја епизода во Вардар каде имаше успешен настап , голем број на погодоци (17) , но клубот не успеа да го задржи по истекот на неговиот договор . Подоцна замина за Романија па повторно играше во македонскиот шампионат во градскиот ривал Работнички од каде замина за Албанија . Стојков со Вардар ќе потпише договор во времетраење од 2 и пол години и како следно можно засилување  е  Јове Костовски како што извести ццс.