Избраниците на Љупчо Марковски се новите победници на националниот куп, откако во финалето успеаа да ја победат екипата на Работнички. Во еден тежок и борбен натпревар од двете страни, Вардарци имаа повеќе сили и квалитет за победа. Единствениот погодок за триумф, беше дело на Есмин Личина.
- Мислам дека беше едно одлично финале. Имаше многу трчање од двете екипи и желба за победа. Во натпреварот влеговме многу мотивирани и подготвени да забележиме триумф. Затоа и поведовме рано уште во 17 минута, што на крајот се покажа како пресуден момент на натпреварот. Задоволен сум од целата екипа за прикажаната борбеност и пожртвуваност. Се надевам дека во силно темпо ќе продолжиме во лигата, за и таа титула да припадне во нашите витрини. Чуството е секако незаборавно, да се освои купот на Македонија . Ова ќе остане во нашите сеќавања во текот на целиот живот, ни изјави стоперот на кадетите Чукалески за нашиот сајт.
Звонко Ивановски