Оваа сезона првиот натпревар пред домашна публика европскиот владетел РК Вардар во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите ќе го игра на 23-ти септември. Во овој дуел ќе се соочиме со Кире Лазаров и неговиот нов клуб, француски Нант. Од утре, понеделеник почнува продажбата на поединечни билети за овој натпревар.
Билетите за натпреварот Вардар – Нант ќе се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.
Натпреварот со Нант е закажан за 23 септември во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”
Цената на билетите за овој натпревар е:
Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари
Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.
Повеќе информации можете да добиете на:
телефон: + 389 2 2401 980
e-mail: info@ticketplus.mk