Младиот состав на РК Вардар Јуниор го загуби првиот натпревар во супер лигата, во новата натпреварувачка сезона. Подобри од црвено-црните беше екипата на Охрд 2013, меч кој се одигра во спортската сала “Билјанини извори“.
Избраниците на Петрушевски во првите пет минути игра имаа нерешен резултат од 2:2, од моментот кога домашната екипа направи серија од 8:1, зголемувајќи го водството на 10:3 и од тој момент ја одржуваа предноста. За момент намали Вардар на 10:5, но до крајот на првото полувреме Охрид успеа да ја зголеми разликата на плус девет гола и на одмор да се замине со резултат 18:9.
Одлично започна второто полувреме за избраниците на Петрушевски, кога направија серија од 3:0 и намалија на 18:12. Сепк пресуди возраста и искуството на Охрид, но и овој млад состав на Вардар не разочара и покажа дека може да се носи со секој противник во супер лигата. Од големо искуство ќе бидат натпреварите во супер лигата за овие млади момчиња, кои имаат што да покажат, а за најголем дел од нив ова беше прв натпревар во најсилната Македонска лига. На крајот Охрид славеше со резултат од 30:22.
Најефикасни во нашите редови беа Стефан Крстевски, Стефан Трпчевски и Стефан Чакалиќ, кои постигнаа по 4 голови. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Радовиш.