Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Големо изненадување на “Железарница“, Скопје му “откина два бода на Вардар
Големо изненадување на “Железарница“, Скопје му “откина два бода на Вардар

Големо изненадување на “Железарница“, Скопје му “откина два бода на Вардар

Големо изненадување на стадинот на “Железарница“, каде попладнево во рамките на петтото коло во ПМФЛ, екипите на Скопје и Вардар одиграа со нерешен резултат 1:1. Црвено-црните први поведоа преку Фелипе, но домаќинот успеа да израмни. Работите се искомлицираа во исклучувањето на Грнчаров, по кој Вардар мораше речиси цело второ полувреме да го игра со играч помалку.

Тренерот Чеде Јаневски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Муслиу, Грнчаров, Џигаури,  Блажевски, Барсегјан, Велковски, Хамбарџумјан, Глишиќ, Исени, Фелипе.

До пред постигнување на водечкиот гол, Вардар имаше обиди преку Џигаури и Блажевски, кои голманот на Скопје успешно ги одбрани. Домашната екипа исто така се закани во два наврати кога шутираа Јевски и Ѓурчиновски, но резултатот остана непроменет. Се играше 27 минута кога падна првиот гол на натпреварот и тоа во мрежата на противникот. Фелипе доби топка од Барсегјан, кој прецизно шутира во долниот десен агол од околу 20 метри, за отварање на резултатот и водство на црвено-црните од 0:1. После погодокот, Вардар продолжи со офанзивната игра со цел да постигне нов гол. Во таква шанса се најдоа Велковски кој со глава биеше над голот и Џигаури кој биеше за малку покрај голот на Скопје. Кога се очекуваше да го зголемиме водството, сепак Скопје беше тимот кој постигна гол во нашата мрежа. Голема грешка на голманот Гачевски и нашата последна линија во одбраната, што му овоможи на Џугурдиќ да излезе сам со нашиот голман и да ја смести топката во мрежата, за израмнување на 1:1 во 35 минута од натпреварот. Во последните десет минути од првиот дел имавме уште неколку шанси, кои за жал останаа неискористени. Иако имавме доминација шанси, сепак на крајот од првото полувреме се замина со нерешен резултат 1:1.

Лошо започна второто полувреме за нашиот шампион, кога капитенот Грчаров доби директен црвен картон поради старт на еден од противничките играчи. Беа направени две измени каде од игра излегоа Глишиќ и Исени, а на нивно место влегоа Попов и Марковиќ. Тешко беше за Вардар во овој дел од натпреварот да стигне до водство, обид имаше Џигаурикој шутира над голот. Уште една и последна измена во нашиот состав, во игра е Стојков на местото на Велковски. Голема шанса за водство имаше Вардар во 79 минута кога на нафрлена топка од десната страна со глава биеше Барсегјан, но голманот на Скопје го брани ударот. До крајот иако се обидувавме да постигнеме гол, тоа не се случи, па натпреварот заврши со нерешен резултат од 1:1.

Лошо започна сезоната за нашиот шампион, кој по пет одиграни кола има две победи, еден нерешен резултат и еден пораз, додека еден натпревар треба дополнително да го одигра.