Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ставрев главен судија на дуелот Вардар-Ренова

Ставрев главен судија на дуелот Вардар-Ренова

Утре фудбалскиот клуб Вардар ќе игра дуел од 6.коло во ПМФЛ, во истиот ние сме домаќини на екипата на тетовска ФК Ренова. Натпреварот се игра со почеток во 15 часот и 30 минути на  Стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Фудбалската федерација за главен судија на овој дуел го одреди Ставрев Александар од Скопје.

На него ќе му помагаат:  Кировски Марјан (Скопје) и Костадинов Дејан (Скопје), а за четврт судија е делегиран Влахо Константин Шуклев. Делегат на дуелот е  Зердески Кочо (Кичево).