Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор за Вардарци, вечерва во С.Ц. Јане Сандански гостува Татран Прешов, како подготовка за дуелот со Нант
Нема одмор за Вардарци, вечерва во С.Ц. Јане Сандански гостува Татран Прешов, како подготовка за дуелот со Нант

Нема одмор за Вардарци, вечерва во С.Ц. Јане Сандански гостува Татран Прешов, како подготовка за дуелот со Нант

Нема многу време за екипата на РК Вардар, која денес ги продолжува натпреварите, во рамките на четвртото коло од СЕХА-лигата. Црвено-црните во текот на вчерашниот ден пристигнаа во Скопје, откако во недела играат натпревар во лигата на шампионите, каде ја совладаа екипата на Висла Плок. Вчера тренерот Гонзалес им даде слободен ден, а вечерва во С.Ц. Јане Сандански ќе ја пречекаат екипата на Татран Прешов, дуел кој започнува од 20:45 часот со директен преност на МРТ-1.

Шампионот на Словачка по три одиграни кола има две победи и еден пораз, кој го доживеа минатото коло од тимот на Целје. Татран оваа сезона не успеа да обезбеди пласман во лигата на шампионите, откако на квалификацискиот турнир во полуфиналето беа поразени од екипата на Апла Хард од Австрија. Во борба за третото место го победија Кокс од Финска. Да потсетиме, дека минатата сезона словаците беа дел од најголемото ракометно натпреварување и тоа во една од послабите групи. Минатата сезона во истава сала во рамките на СЕХА, Вардарци славеа убедливо над истиов противник со резултат 38:21, додека на гостувањето иста така издвојувавме победа со резутат од 29:35. Што се однесува до составот на Татран, нивни тренер е поранешниот предводник на Загреб и репрезентацијата на Хрватска, Славко Голужа, кој од оваа сезона седна на клупата на овој тим. Нови засилувања се интернационалецот од Хрватска, Бруно Буторац, Анте Бабиќ, Марио Цвитковиќ и чехот Михал Каса. Татран Прешов лошо одигра во претходната сезона, каде заврши на претпоследното место на табелата, со само 4 победи и дури 13 порази. Интересно е тоа што на крајот од минатата сезона, двајца играчи на Татран се најдоа во ТОП-5 листа на најдобри стрелци. Се работи за Оливер Рабек и Јакуб Хрстка, од кои денес сигурно дека ќе доаѓа најголемата опасност по нашиот гол, како и од Томас Чип. Што се однесува до оваа сезона, најдобар стрелец кај денешниот противник е новото засилување од Хрватска, Бруно Буторац кој има постигнато 21 гол, како и Доминик Крок кој со 16 погодоци се наоѓа на четвртата позиција.

Што се однесува до нашиот шампион, се очекува денес на голот да биде Страхиња Милиќ, а шанса да добие и Даниел Ѓорѓески, додека би требало Штербик да добие поштеда после добриот настап во Полска. Во составот би требало да се вратат Тоше Ончев и Мартин Поповски, кој се очекува да добијат поголема минутажа на денешниот дуел. Вардар неам проблеми со повредени играчи, освен Владо Недановски, но тренерот Гонзалес ќе се обиде денес рамномерно да ја подели минутажата и да ги зачува силите, за следниот предизвик во лигата на шампионите, а тоа е првиот натпревар на домашен терен против екипата на Нант. Токму денешниот дуел со Татран треба да биде само загревање и еден вид подготовка за тој меч.

Пренос од денешниот меч покрај на МРТ-1, ќе можете да проследите и на ЕХФ ТВ, како и на каналите на Арена Спорт.