Симе Симовски, селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија го објави поширокиот список на ракометарки за подготовките за натпреварите со Шведска и Србија за пласман на Европско Првенство 2018 во Франција. На истиот има седум ракометарки од црвено-црниот табор. Станува збор за девојки од екипите на Вардар и Вардар јуниор. Меѓу повиканите се наоѓа и голманката Јована Мицевска, најталенираната млада македонска голманка, таа летово настапи на кадетското ЕП што се играше во Скопје. Собирот е закажан за 25 септември. Претходно комбинирана репрезентација на Македонија ќе игра на турнир во Турција од 21 до 24 септември.
Повикани ракометарки
ГОЛМАНИ:
1. НАТАША АНТИЌ – СЛОВАЧКА
2. МАТЕЈА СЕРАФИМОВА – ГРЦИЈА
3. ДРАГАНА ПЕТКОВСКА – ТУРЦИЈА
4. ЈОВАНА МИЦЕВСКА – ВАРДАР ЈУНИОР
БЕКОВИ:
5. ТЕОДОРА КЕРАМИЧИЕВА – ВАРДАР
6. МИРЈЕТА БАЈРАМОСКА – ВАРДАР
7. ДАЈАНА ЈОВАНОВСКА – РОМАНИЈА
8. ЕЛЕНА ЛИВРИНИЌ – РОМАНИЈА
9. СИМОНА СТОЈАНОВСКА – ПОЛСКА
10. ДУШИЦА ЃОРГИЈЕВСКА – ТУРЦИЈА
11. ЕЛЕНА ЃОРЃИЈЕВСКА – УНГАРИЈА
12. МАЈА ТРПКОВСКА – ТУРЦИЈА
13. ЗОРИЦА ДЕСПОДОВСКА – ПОЛСКА
14. АЛЕКСАНДРА БОРИЗОВСКА – КУМАНОВО
15. АНДРЕА БЕЛЕСКА – РОМАНИЈА
16. ЛЕОНИДА ГИЧЕВСКА – ВАРДАР ЈУНИОР
17. ИВА БОЖИНОСКА – ВАРДАР ЈУНИОР
КРИЛА:
18. ЈОВАНА САЗДОВСКА – ВАРДАР
19. САРА РИСТОВСКА – ВАРДАР
20. НАТАША НОЛЕВСКА – ДАНСКА
21. МАРИЈА ГАЈИЌ – МЕТАЛУРГ
ПИКЕРИ:
22. ИВАНА ГАКИДОВА – ФРАНЦИЈА
23. МАРИЈА НИКОЛИЌ – МЕТАЛУРГ