Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Даниел Ѓорѓески: Максимално ја користиме шансата што ни ја дава тренерот Гонзалес, за нас помладите играчи натпреварите од СЕХА-лигата се од големо значење
Даниел Ѓорѓески: Максимално ја користиме шансата што ни ја дава тренерот Гонзалес, за нас помладите играчи натпреварите од СЕХА-лигата се од големо значење

Даниел Ѓорѓески: Максимално ја користиме шансата што ни ја дава тренерот Гонзалес, за нас помладите играчи натпреварите од СЕХА-лигата се од големо значење

Екипата која минатата сезона стана “сопственик“ на четири трофеи во сите натпреварувања во кои играа, има одличен старт и на новата натпреварувачка сезона, Избраниците на Раул Гонзалес стигнаа до својата четврта победа во СЕХА-лигата од исто толку одиграни натпревари, додека во премиерниот меч во лигата на шампионите беа подобри од Висла Плок на гостувањето во Полска. Новитет оваа сезона во екипата на РК Вардар е приклучувањето на неколку млади играчи кои претходно беа дел од вториот тим. Тука се голманот, Даниле Ѓорѓески, како и Мартин Поповски и Тоше Ончев. На турнирот во Германија, со само 16 години на голот беше и Марко Кизиќ. Вардар мора да мисли на својата иднина, а токму споменативе играчи се дел од плановите на клубот за наредните сезони. На натпреварот со Татран, сите 60 минути на голот ги помина Ѓорѓески, со кој имавме можност да поразговараме за стартот на новата сезона, како и за шансата која им се дава на мечевите од СЕХА-лигата.

vardarfans-3

-Имаме одличен старт на почетокот од сезоната, во сеха лигата имаме 4/4 и една тешка и многу значајна победа во лигата на шампиони на гостувањето во Плоцк. Ние помладите играчи ја користиме нашата шанса што ни ја укажува тренерот Раул Гонзалез, до сега добиваме шанса скоро на сите натпревари кај што ја стекнуваме довербата кај тренерот. На мечот против Татран имав можност за прв пат да бранам цел натпревар во СЕХА- лигата. Тоа е едно големо искуство за мене и мислам дека солидно ја искористив оваа прилика, но секогаш може подобро. Мислам дека ова не е се што можеме да го покажеме ние помладите, сметам дека можеме многу повеќе само ни треба малку повеќе искуство кое што го стекнуваме на вакви натпреварувања.

По заминувањето на Горан Симиќ, со голманите во Вардар повремено работи Александар Царчев. Тука се секако Гонзалес и Дејвис, како и останатите соиграчи кои со своето искуство и совети им помагаат на помлаидте побрзо да се вклопат во шампионскиот тим.

vardarfans-1

-На тренинзите во поголемиот дел работиме со Раул и Дејвис, за кондиционите тренинзи тука ни помага и тренерот Јуришиќ, тука е и тренерот на голмани Царчев кој повремено работи со нас. Исто така добиваме и голема помош од повозрасните играчи кои често ни даваат корисни совети.

Нант е следниот противник за Вардар во лигата на шампионите. Тоа ќе биде прв меч за црвено-црните пред домашната публика во ЛШ. Ѓорѓески вели дека Нант не смее да се потцени, но дека Вардар е во добра форма и ја има фаворитската улога.

vardarfans-2

-Во сабота играме уште еден тежок натпревар од лигата на шампионите. Екипата на Нант покажа во многу наврати како и минатата, така и оваа сезона дека воопшто не е за потценување, но мислам дека ние сме во подобра форма и во секој натпревар сме се подобри. Играме на домашен терен и ние сме фаворити на овој дуел. Ќе биде тешко на секој натпревар сите ќе сакаат да го победат европскиот шампион, но мислам дека Вардар има сили да уште еднаш да направи историски успех и да ги одбрани сите трофеи оваа сезона.

Звонко Ивановски