Вардар успеа да го доби дербито против екипата на Пелистер, на натпревар кој се одигра во Битола. Дејан Блажевски донесе важни три бода за црвено-црните.
Тренерот Јаневски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Попов, Муслиу, Џигаури, Блажевски, Николов, Барсегјан, Глигоров, Демири, Тодороски, Фелипе.
До постигнување на водечкиот гол немаше некои посериозни шанси за постигнување на гол. Се обиде Блажевски од голема далечина, но голманот на Пелистер успеа да го одбрани ударот. Вардар успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, со погодокот на Дејан Блажевски кој погоди во долниот десен агол од голот на битолчани. Претходно Пелистер се најде во прилика, но без реализација. По првото полувреме резултататот беше 0:1 за Вардар.
Во вториот дел прв кој се закани беше Блажевски кој од слободен удар бие покрај голот на Пелистер. Црвено-црните имаа добра шанса преку Барсегјан да го зголемат резултатот, но ерменецот бие покрај десната статива. Кај домашниот тим во шанса се најде Цветаноски кој шутираше над голот на Гачевски. Прва измена во нашите редови, на местото на Џигаури, во игра е Марковиќ. Во 79 минута шанса имаше и Попзлатанов кој шутира покрај голот на Вардар. Нова измена кај Вардар, во игра е младиот Филип Стојчевски, кој го замени Николов. Одличен натпревар денес одигра младиот Тодороски, кој е заменет во последните минути од мечот со Хамбарџумјан. Вардар успеа да го зачува водството и на крај да слави минимално со 0:1.
Во четврток Вардар го очекува гостување во Норвешка, против екипата на Розенборг, во рамките на второто коло од лига Европа.