Денес селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата последни натпревари против Италија (6. октомври во Торино) и Лихтенштајн (9. октомври во Струмица) од квалификациите за СП 2018 година во Русија. На списокот се најдоа тројца момци од црвено-црниот фудбалски колектив: Николов, Велковски и Муслиу.