Веќе од вчера започна продажбата на единечни билети за натпреварот од Лигата на Европа на Вардар против Реал Сосиедад кој што се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје на 19.10.2017 година со почеток во 19:00 часот. Исто така ќе може да купите влезница и за натпреварот на домашрн терен со Розенборг на 07.12.2017 година.
Цената за блоковите 1, 6, 7, 8, 9, 10, 13, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30 изнесува 600 МКД.
За блоковите 2, 5, 14, 18, 20 и 24 билети се продаваат по цена од 900 МКД.
Билет за блоковите 3, 4, 15, 16, 17, 21, 22 и 23 чини 1.200 МКД.