Денес својот 31-ви роденден го прославува шпанскиот репрезентативец во дресот на Вардар, Жоан Кањелас. Ова е втора сезона за него во Вардар, откако ланилетово дојде од екипата на Кил. Тој во првата сезона во црвено-црните редови дојде до четири трофеја, а оваа ја стартуваше со суперкуп титула.
Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план.
Среќен роденден Жоан !