Утрешниот натпревар на Вардар и Слога е меч од висок ризик, па така и на овој натпревар нема да им биде дозволено на гостинските навивачи да присуствуваат на овој меч.
Од ФК Вардар информираат дека за овој натпревар ќе бидат пуштени во употреба само две трибини, односно јужната и западната трибина. Купувањето на билети ќе се врши исклучиво со покажување на документ за лична идентификација.
Натпреварот е закажан со почеток во 15 часот.