Во текот на вчерашниот ден на теренот на Академијата на ФК Вардар во Градски парк се одигра дербито помеѓу пионерите на ФК Вардар и Шкупи 1927. Вардаровите момци предводени од Сашо Тодоровски Рап-Тап одиграа реми со сино-белите од скопски Чаир, резултатот на овој меч беше 1-1 (0-0). Стрелец на единствениот гол во вториот дел за нас беше Мартин Спировски.
