Генерацијата на ФК Вардар родени “2008“ година го освоија високото второ место на турнирот во Нови Сад, во чест на прославениот голман “Илија Пантелиќ“.
Ибраниците на Павел Неделковски во големото финале беа поразени од екипата на Црвена Ѕвезда со резултат од 5:2. Претходно во четврфиналето нашите млади надежи беа подобри од екипата на Спектар и тоа дури по изведување на удари од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник (2:2), додека во пенал рулетот посреќни беа Вардарци, кои славеа со резултат од 5:4. Лука Грчевски во пенал серијата одбрани 3 удара на ривалот. Во полуфинаелто игравме со една од најсилните фудбалски школи на балканот, се работи за тимот на Војводина. Одличен меч за нашите надежи кои не дозволија да примат погодок, а само еден гол во мрежата на противникот го реши полуфиналето. Вардар славеше минимално со 1:0 и се пласираше во големото финале. На овој дуел Грчевски беше одличен и одбрани 7-8 одлични удари на противникот. Таму за противник ја имавме екипата на Црвена Ѕвезда, од која бевме поразени.
Секоја чест за оваа најмлада генерација на Вардар, која не претставуваше на турнирот. Силни и реномирани екипи од неколку земји во различни возрасни генерации земаа учество на истиот. На крајот беа доделувани и поединечни награди. За најдобар голман беше прогласен Лука Грчевски, кој имаше одлични настапи.