Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Комити > Прибак: Комити фала за се! Се надевам некогаш ќе навивам за Вардар заедно со вас
Прибак: Комити фала за се! Се надевам некогаш ќе навивам за Вардар заедно со вас

Прибак: Комити фала за се! Се надевам некогаш ќе навивам за Вардар заедно со вас

Големото црвено-црно семејство за жал го напушта човекот со големо срце една од нашите икони Немања Прибак. Тој е еден од најзаслужните за овој процут на Ракометниот клуб Вардар .Човек кој беше кој долго е во редовите на црвено – црните и кој е миленик на навивачката група Комити . Во изјава за клубскиот сајт Немања вели :

  • Им благодарам и на Комити за сѐ што направија за мене, се надевам некогаш ќе дојдам во Скопје и заедно ќе навиваме за нашиот РК Вардар.

Исто така тој дава осврт на значењето на клубот во неговиот живот поврзаноста со истиот , мило му е што со двојна круга го напушта својот црвено-црн дом Прибак за тоа изјавува :

  • Вардар засекогаш ќе остане дел од мене и од мојот живот. Драго ми е што се простувам со титула и што оставам еден силен Вардар. Посакувам да биде уште посилен и да ја оствари големата желба на сите овде, да се пласира во Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Жал ми е што нема да останам, меѓутоа тоа е дел од спортот, јас се помирив со таа информација кога ја добив, па сега си одам горд затоа што знам дека секогаш давав и повеќе од 100 посто за оваа екипа во овие пет години.