Вчера ЖРК Вардар ја забележа и втората победа во новата сезона во ракометната женска Супер лига. Девојките на Дибирова како на тренинг високо го поразија тимот на Овче Поле со резултат 13-57. Ова беше генерална проба пред стартот на новата сезона во ЕХФ Лигата на шампините, во петок нашите девојки на домашен терен во првото коло ќе го пречекаат тимот на ФТЦ Будимпешта.