Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Вардаровиот голман, Матеј Андов јунак во ремито на Македонската репрезентација до 17 години, во дуелот со Словачка
Вардаровиот голман, Матеј Андов јунак во ремито на Македонската репрезентација до 17 години, во дуелот со Словачка

Вардаровиот голман, Матеј Андов јунак во ремито на Македонската репрезентација до 17 години, во дуелот со Словачка

Втор нерешен резултат за младинската фудбалска репрезентација до 17 години, на квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје. Попладнево на тренинг центарот “Петар Милошевски“, избраниците на Горан Станиќ ремизираа и со врсниците од Словачка, играјќи без голови 0:0.

Македонја играше речиси цел натпревар со играч помалку, откако во 10 минута црвен картон доби напаѓачот на Работнички, Давид Тошевски, со што ги остави на “цедило“ своите соиграчи од Македонската репрезентација. До крајот на натпреварот, Словачка очекувано доминираше на теренот и имаше најмалки четири стопроцентни шанси да го загрози нашиот гол, но секако на место беше голманот на Вардар, Матеј Андов кој слободно може да се прогласи за ““јунак“ на натпреварот и играч кој ја остава Македонија во игра за пласман во елитната фаза. За тоа да се случи Македонија мора да во последното коло да ја победи Молдавија.

Инаку Матеј е млад талентиран голман, кој е стандарден на голот на пионерите на Вардар и репрезентацијата до 16 и 17 години. Оваа сезона добива шанса да брани и за кадетите на Вардар. Таков беше случајот во рамките на осминафиналето од купот, кога црвено-црните на домашен терен убедливо го победија Милано, а Матеј Андов беше на голот во текот на сите 90 минути и притоа ја зачува својата мрежа незатресена.