Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите иако поведоа, сепак на крај само ремизираа против Дрита
Кадетите иако поведоа, сепак на крај само ремизираа против Дрита

Кадетите иако поведоа, сепак на крај само ремизираа против Дрита

Вчера кадетите на Фк Вардар го одиграа 20 коло во првенството, на гостински терен протиов екипата на Дрита. Мечот заврши само нерешено 2:2, со што црвено-црните малку ја закомпликуваа ситуацијата околу конечниот Шампион во кадетската лига. Стрелци на головите за нашиот тим беа Ердон Даци и капитенот Есмин Личина.

Избраниците на Љупчо Марковски успеаа први да поведат на овој меч со погодокот на Ердон Даци. Да напоменеме дека првото полувреме заврши без голови 0:0. Во продолжение од второто полувреме, после водството на Вардар, Дрита не се предаваше и комплетно го промени резултатот во своја корист. Најпрво домаќините израмнија а потоа и поведоа со 2:1. Сепак бод за Вардарци, донесе капитенот Личина за израмнување на 2:2 што беше и конечен резултат на овој натпревар.

После ова коло, разликата меѓу Вардар и Шкендија е намалена на три бода. Екипата од Тетово денес не дозволи изненадување, и на свој терен високо го поразија Металург со 3:0. До крајот на сезоната остануваат само уште две кола за играње. Во предпоследниот меч, нашите кадети на домашен терен ја пречекуваат екипата на Шкупи од Чаир. Во последното коло, гостуваме во Тетово на главниот конкурент за трофејот. Се надеваме дека се ќе се реши викендов и црвено-црните ќе ја осигураат титулата пред последниот дуел. Шкендија ја очекува тешко гостување во Струмица, против екипата на А. Пандев.