Денеска на теренот на академијата се одигра првиот есенски турнир во фудбалската “Јуниор“ лига, на кој покрај Вардар настапија и екипите на Рудар од Пробиштип и Мал Ајакс од Штип.
Кај генерацијата родени “2006“ година натпревар одиграа екипите на Вардар и Мал Ајакс. Ова беше единствен меч од оваа генерација на денешната програма. Поуспешни беа младите надежи на Вардар предводени од Сашо Јанев, кои триумфираа со резултат 6:1. Рано го отворивме резултатот со погодокот на Давид Голубов, кој го отвори резултатот на 1:0. Гледавме квалитетен и борбен натпревар од страна на двете екипи. Единствениот гол штипјани го постигнаа кога го израмнија резултатот на 1:1.
Во продолжение од дуелот доминација на Вардарци, кои создадоа многу шанси кон противничкиот гол. До крајот на првото полувреме успеваме да постигнеме уште два гола. Најпрво за 2:1 и враќање на предноста погоди Марко Николовски, за во листата на стрелци да се запише и трет играч во редовите на Вардар, тоа беше Олег Трифуновски кој погоди за 3:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.
Продолживме со добра игра и во второто полувреме, која беше крунисана со три нови погодоци. Следните два гола на натпреварот беа дело на Кристијан Галевски за веќе убедливо водство од 5:1. До крајот на мечот успеваме да постигнеме уште еден гол, дело на Стефан Коловски, кој ги постави конечните 6:1 на овој натпревар.