Рускиот голгетер, Максим Максимов го одбра бројот во новиот дрес. Младиот Русин во тимот на Вардар на својот грб ќе го носи бројот 72.
Најпрвин, Максимов требаше да го облече дресот со број 10, но, поради проблемите кои се јавија, Николов го зеде бројот со број 10 на местото на Којашевиќ кој си замина од Вардар.
Максимов веќе во сабота треба да го има својот деби натпревар во дресот на Вардар. Се надеваме дека голгетерската серија против Шкендија ќе ја продолжи и во дресот на ФК Вардар.