Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Деспина само “загревање“ за Вардарки пред мечот во ЛШ против Турингер
Деспина само “загревање“ за Вардарки пред мечот во ЛШ против Турингер

Деспина само “загревање“ за Вардарки пред мечот во ЛШ против Турингер

Нашиот женски ракометен шампион стигна до четвртата последователна победа во супер лигата. Избраничките на Дибирова славеа во салата Јане Сандански, против екипата на Деспина. Овој меч според распоредот требаше да се одигра во Прилеп, но дојде до промена по договор на двете екипи.

Вардарки го отворија натпреварот со серија од три погодоци за водство од 0:3, за противникот да го постигне првиот гол и да го намали резултатот на 1:3. После овој погодок следеше нова серија на црвено-црните од 0:3 за веќе по 12 минути игра да имаме предност од 1:10. Набрзина веќе имавме и двоцифрена предност од 2:12. Головите во мрежата на условно “домашнио“т тим се редеа во секоја измината минута, со нова серија од девет последователни голови, резултатот веќе беше 2:21. До крајот на првиот дел, Вардарки постигнаа шест, додека Деспина само еден гол, за резултат од 3:27 по првите 30 минути. И во второто полувреме бевме доминантни, во кое Деспина постигна повеќе голови од првото полувреме, но исто така и Вардар. Предноста се повеќе растеше, за на крајот да биде изразена со конечен резултат од 11:51.

Најефикасна во нашиот состав беше Ристовска со 14 голови, додека 11 постигна Саздовска. Во сабота Вардар гостува во Германија, на екипата на Турингер.

ВАРДАР: Кликовац 4, Саздовска 11, Лејно, Бајрамовска 2, Мицевска, Керамичиева 2, Чанаџија 7, Лакрабер 10, Петровиќ 1, Ристовска 14.