Голманот на црвено-црните Страхиња Милиќ-Џамбо и пикерот Мијајло Марсениќ ќе бидат дел од националниот тим на Србија кој ќе настапи во неделата на ЕХФ, инаку последната од овој месец. Момците од европскиот шампион Вардар се најдоа на списокот на 22 ракометари кој го објави селекторот на србите, Јовица Цветковиќ.
Како што најавуват медиумите во нашиот северен сосед Милиќ ќе биде во улога на прв голман на двете планирани контроли против селекцијата на Австрија. “Орлите“ ќе се соберат на 20-ти октомври во Ковилово каде ќе работат пет дена. На 26 октомври им следува гостување во Тулн, а два дена подоцна и во Зудштад каде ќе тестираат двапати со А-селекцијата на Австрија.