Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Куманово му го нанесе првиот пораз на ЖРК Вардар Јуниор во супер лигата
Куманово му го нанесе првиот пораз на ЖРК Вардар Јуниор во супер лигата

Куманово му го нанесе првиот пораз на ЖРК Вардар Јуниор во супер лигата

Женската екипа на Вардар Јуниор го доживеа првиот пораз во супер лигата. Нашите млади девојки беа поразени на гостувањето против екипата на Куманово, со резултат 38:24.

Мечот не започна добро за Вардар Јуниор, кој уште на стартот имаше негатива од 4:0. Ние прв гол постигнавме во шесттата минута, за намалување на 4:1, за да следи нова серија на домашната екипа од 3:0, за веднаш резултатски да се одлепат и да поведат со 7:1. Вардар се обидуваше да му парира на противникот, но тоа тешко ни одеше. Куманово стигна речиси и до двоцифрена разлика, кога имаше предност од 15:6, за до крајот на првото полувреме, избраничките на Симовски да го намалат резултат и на одмор да се замине со пристојна негатива од 19:12.

Ниту вториот дел не започна добро за Вардарки, кои им дозволија на Куманово да стигнат до двоцифрена предност и да поведат со 23:13. Остатокот од натпреварот беше рутина за противникот, кој имаше најголема позитива од 15 гола разлика.

Кај Вардар Јуниор се истакна Леонида Гичевска која постигна 8 голови, додека крилото Ана Станиќевска имаше 4 погодоци.

Вардар Јуниор: Илиќ, Реџеп 1, Николовска 2, Карчева 1, Стефановска, Кицеска, Вељановска, Станиќевска 4, Трпевска 3, Георгиевска, Божиноска 3, Филипоска, Гичевска 8, Иванова, Николиќ 2, Диневска.