Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Џамбо и Марсениќ со повик за селекцијата на Србија
Џамбо и Марсениќ со повик за селекцијата на Србија

Џамбо и Марсениќ со повик за селекцијата на Србија

Голманот на црвено-црните Страхиња Милиќ-Џамбо и пикерот  Мијајло Марсениќ ќе бидат  дел од националниот тим на Србија кој ќе настапи  во  неделата на ЕХФ, инаку последната од овој месец. Момците од  европскиот шампион Вардар се најдоа на списокот на 22 ракометари кој го објави  селекторот на србите,  Јовица Цветковиќ.

vardarfans marsenik

Како што најавуват медиумите во нашиот северен сосед Милиќ ќе биде во улога на прв голман на двете планирани контроли  против селекцијата на Австрија. “Орлите“ ќе се соберат на 20-ти октомври во Ковилово каде ќе работат пет дена. На 26 октомври им следува гостување во Тулн, а два дена подоцна и во Зудштад каде ќе тестираат двапати со А-селекцијата на Австрија.