Македонскиот фудбалски шампион, Вардар, утре пред своите гледачи во рамките на третото коло од Лигата на Европа ќе го пречека тимот на Реал Сосиедад од Шпанија. Младиот и перспективен играч на Сосиедат, Микел Ојарзабал пред утрешниот дуел за шпанските медиуми ги искажа своите очекувања од гостувањето на „Филип Втори“.
“Натпреварот против Вардар е од исклучителна важност за нас. Нашата работа во четврток е да си заминеме со три бода. Македонскиот првак има добар тим, составен од неколку квалитетни фудбалери, морам да признаам дека и не бевме баш среќни кога го добивме Вардар за свој противник” , изјави Микел Ојарзабал.