Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Борозан го постигна најубавиот гол на дуелот со ППД Загреб
(ВИДЕО) Борозан го постигна најубавиот гол на дуелот со ППД Загреб

(ВИДЕО) Борозан го постигна најубавиот гол на дуелот со ППД Загреб

Pакометниот клуб Вардар ја продолжува победничката низа сезонава со петтиот триумф по ред во СЕХА Газпром лигата. Во дуелот одигран во С.Ц “Јане Сандански“ триумфиравме со резултат  30-23 (17-10) против ППД Загреб. Ова е втора победа за црвено-црните  момци против хрватскиот првак за две недели, откако претходно  го победивме истиот тим со 28-21 во дуел од групната фаза ЕХФ лигата на шампионите.

Црногорецот Вуко Борозан постигна пет погодоци, еден од нив СЕХА го избра за најубав погодок на ова соочување. Видеото од неговиот гол може да го погледете на следното ВИДЕО!