Ракометниот клуб Вардар го очекува уште еден предизвик во овој згуснат дел од сезоната пред паузата поради ЕХФ неделата. Утре, 21-ви септември во дуел од 6.коло во регионалната СЕХА Гаспром лига гостуваме кај словенски Целје. Тоа е тим против кој лани двапати триумфиравме во групната фаза од ова натпреварување.
Вардар е во серија од пет победи оваа сезона во регионалното натпреварување со кои е лидер во натпреварувањето каде ја брани ланската круна. Натпреварот меѓу Целје и Вардар е закажан за в сабота во 17-45 часот со пренос на МТВ.