Вардаровата генерација родени “2008“ година попладнево одиграа натпревар во рамките на детската лига, кој го добија убедливо. Активен беше само Вардар (2) кој го совлада Албион, додека Вардар (1) не го одигра својот меч, бидејќи нивниот противник екипата на Кул се наоѓа на турнир.
Вардар (2) за противник го имаше тимот на Албион кој го совлада високо со резултат 9:1. Доминација на нашите играчи во текот на целиот меч, кои покажаа одлична игра. Доминиравме на секој дел од теренот и на крајот заслужено победивме. Хет-трик на овој натпревар постигна Коста Бошковски, додека по два беа дело на Арти Азизи и Стефан Бранковски. По еднаш во листата на стрелци се запишаа и Илија Митаноски и Коста Бошковски.