Денес на теренот на академијата се одигра осмото првенствено коло кај кадетите, во кое се сретнаа екипите на Вардар и Милано. Полесно од очекувањата успеавме да славиме триумф со резултат од 9:0.
Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Радевски, Калчиноски, Пешевски, Младеновски, Дарлишта, Филипоски, Стојчевски, Ибиши.
Тргнавме офанзивно по првиот судиски свиреж и веќе во првата минута преку Џемал Ибиши го отворивме резултатот, тој стрелаше за 1-0 на самиот почеток. Следеше период во кој доминиравме целосно играјќи “викторија“ пред голот на кумановци. Поседот беше целосно во нашити нозе што донесе серија прилики кои ги претворивме во погодок. Повторно Џемал Ибиши беше таличен за Кумановчани тој во 15.минута го удвои водството погодувајќи за 2-0. Веќе во следната, 16.минута повторно погодивме, за високи 3-0 по изведен прекин, а зголеми Марио Младеновски. Гол-шоуто на Џемал Ибиши немаше крај тој постигна повторно погодок по две минути, со неговиот трет гол во 18.минута поведовме со 4-0. Марио Младеновски се обиде со удат да постигне “петарда“ сепак голманот на Милано, Алији Ади исфрли во корнер со крајни напори. До крајот на првиот дел имавме серија прилики за нов погодок, но сепак на одмор отидовме со резултат 4-0. Најсериозни прилики имаа Али Адем чиј удар од 20-сетина метри мина на неколку сантиметри крај голот на гостите и обидот на Џемал Ибиши кој голманот на кумановчани го исфрли во корнер. Во првиот дел видовме целосна доминација на црвено-црниот кадетски дуел на овој натпревар, голманот на вардарци Мето Велковски немаше воопшто работа.
Вториот дел почнавме како што завршивме и во првиот со целосна офанзива. Прва прилика и веднаш гол за Џемал Ибиши, кој погоди за 5-0 по одлична асистенција на нововлезениот Благоевиќ Милан. Потоа прилика пропушти Кренар Дарлишта кој од само 10 метра шутна над гредата, а не реализираше и Али Адем од слободен удар. Одличен во соло продор беше Благоевиќ Милан кој зголемува на 6-0 во продолжение. Истиот играч имаше прилика и за нов гол, но неговиот удар го одбрани голманот на ривалот. За 7-0 погоди Благоевиќ Милан кој стрелаше ефектно.
Во последните пет минути повторно ние доминиравме и успеавме да погодиме уште два пати во мрежата на милано. најпрвин од пенал одлично под гредата стрелаше Ристовски Давид со чиј гол поведовме со 8-0 на овој натпревар. Последниот гол за нас на натпреварот го постигна Анел Калчиноски кој успеа да погоди за резултат 9-0, со овој резултат натпреварот заврши во наша корист впишувајќи уште една голема победа за црвено-црните. Тренерот Колев во второто полувреме им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на клупата.