Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардарки доминираат на списокот на селекторот Симовски, за подготовките за ЕП во Шпанија
Вардарки доминираат на списокот на селекторот Симовски, за подготовките за ЕП во Шпанија

Вардарки доминираат на списокот на селекторот Симовски, за подготовките за ЕП во Шпанија

Откако успешно го поминаа квалификацискиот турнир, кој се играше во С.Р.Ц. Кале и го освоија првото место, младинската ракометна репрезентација од денес започнува со подготовки. Првиот собир е закажан попладне со почеток од 17:30 часот, во малата сала во Јане Сандански. Подготовките се за престојното Европско првенство, кое ќе се игра во Шпанија во периодот од 23 јули до 2 август. Селекторот воедно и тренер на вториот тим на Жрк Вардар, Симе Симовски го обајви списокот на ракометарки на кои ќе смета за овие подготовки. На поширокиот список доминираа девојките на Вардар, ги има вкупно десет од нашата екипа.

Драгана Петковска, Нина Ладева, Сара Митова, Нина Бојаџиска, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Ангела Петровска, Теодора Керамитчиева, Стефанија Мишеска и Наташа Нолевска, се девојките кои измината сезона го носеа црвено-црниот дрес.

Претходно беа одредени и групите за ЕП во Шпанија. Македонија се најде во групата Б, заедно со селекциите на Русија,  Германија и Литванија.