Овој викенд активни беа само момците на Ане Андоновски,кои однесоа голема победа од Битола,против вечниот ривал Пелистер во рамките на 1/8 од купот на Македонија.Натпреварот во регуларните 90 минути заврши без голови 0:0.Следеа удари од 11 метри,во кои сепак поефикасни беа екипата на Фк Вардар У 17 победувајќи со 1:3.
-Одигравме добар натпревар во кој дадовме се од себе.Игравме со срце на терен,како и екипата на Пелистер.Имавме многу стопроцентни шанси,кои не ги искористивме но сепак победивме на пенали,каде успеав да обранам три удари од белата точка.Задоволен сум од мојот настап и среќен што со моите одбрани го однесов Вардар во следната фаза од купот,ни изјави јунакот на овој меч Христијан Петковски за нашиот сајт.
28.09.2014
Звонко Ивановски