Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Христијан Петковски:Среќен сум што го однесов Вардар во следната фаза од купот.

Христијан Петковски:Среќен сум што го однесов Вардар во следната фаза од купот.

Овој викенд активни беа само момците на Ане Андоновски,кои однесоа голема победа од Битола,против вечниот ривал Пелистер во рамките на 1/8 од купот на Македонија.Натпреварот во регуларните 90 минути заврши без голови 0:0.Следеа удари од 11 метри,во кои сепак поефикасни беа екипата на Фк Вардар У 17 победувајќи со 1:3.

10628393_728608590508672_1938042792116760001_n

-Одигравме добар натпревар во кој дадовме се од себе.Игравме со срце на терен,како и екипата на Пелистер.Имавме многу стопроцентни шанси,кои не ги искористивме но сепак победивме на пенали,каде успеав да обранам три удари од белата точка.Задоволен сум од мојот настап и среќен што со моите одбрани го однесов Вардар во следната фаза од купот,ни изјави јунакот на овој меч Христијан Петковски за нашиот сајт.

28.09.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply