Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“ заеднички проект на РК Вардар и РСБСП
„Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“ заеднички проект на РК Вардар и  РСБСП

„Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“ заеднички проект на РК Вардар и РСБСП

РСБСП (Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата) и нашиотцрвено-црн тим,   европскиот ракометен првак „Вардар”, преку заедничка соработка, во наредниот период ќе ја реализираат кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози одговорно“!

Во кампањата ќе промовира внимателно и одговорно учество во сообраќајот, ќе едуцира за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Со оваа кампања, ракометниот клуб Вардар, како општествено одговорен бренд ќе даде придонес за подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – #Вози одговорно” со јавноста ќе комуницира и преку слоганите:
„Шампионите возат одговорно”,
„Црвен картон за некултурата во сообраќајот”,
„Биди тимски играч – дај им предност на пешаците”
„Тајм аут – закочи пред да биде предоцна”.

Кампањата која ќе биде присутна во печатените, електронските и социјалните медиуми, ќе биде промовирана и во спортските центри во кои настапуваат нашите европски шампиони. Предвидено е на граничните премини за влез во Македонија да бидат поставени едукативни постери на англиски јазик, наменети за информирање и едуцирање на странските возачи кои влегуваат во Република Македонија.

kampanja-na-rsbsp-i-vardar-dobredojdovte-vo-zemjata-na-shampionite-vozi-odgovorno-14327

Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП-Особено значаен е придонесот што РК Вардар го дава во реализацијата на оваа кампања. Шампионите играат одговорно на терен и постигнуваат резултати, но за да постигнеме добри резултати во сообраќајот, мора да возиме одговорно и да се однесуваме шампионски во него.

Давор Стојаноски, директор на РК Вардар-За нас преставува привилегија и задоволство што имаме можност да дадеме придонес за подигнување на сообраќајната свест и култура. Јас, сите ракометари на Вардар и сите вработени во клубот сме дел до сообраќајот и од тие причини со задоволство прифативме да дадеме поддршка на оваа кампања и ќе ја поддржиме во целост” –

РСБСП и РК Вардар апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат безбедно и одговорно, да се однесуваат тимски на патиштата и да бидат шампиони со своето позитивно и одговорно однесување во сообраќајот.