Во Љубљана вчера вечерта беше одигран првиот од двата контролни натпревари помеѓу ракометните репрезентации на Хрватска и Словенија. На овој меч настапија тројца играчи на Вардар и сите во дресот на “коцкестите“.
Во една неизвесна завршица, натпреварот на крај заврши со нерешен резултат 26:26, иако Игор Карачиќ постигна гол со звукот на сирената, најпрво неговиот гол го признаа судиите, за потоа да ја корегираат својата одлука и истиот да го поништат. Во најголем дел од мечот избраниците на Лино Червар имаа водство. во првото полувреме двете екипи имаа водство кое најмногу достигна до два гола. На стартот подобро отвори Словенија, за потоа Хрватска да ја превземе предноста и во неколку наврати исто така да има позитива од ва гола разлика. По истекот на првите 30 минути се замина со водство на Хрватска од 14:13.
Стартот на вториот дел им припадна на Хрватите кои ги постигнаа првите три гола и имаа највисоки 16:13. Во продолжение од мечот, водството можеше да биде поголемо, доколку Словенија на голот го немаше расположениот голман на Целје, Урбан Лесјак кој одбрани неколку зицер удари. Во последната минута, избниците на Лино Червар влегоа со предност од 26:25 и имаа напад, но пикерот Муса ја погоди пречката од голот на Словенците. Во последниот напад, Вујовиќ играше без голман што донесе разултат, Словенија погоди со голот на Млакар и го израмни резултатот на 26:26. Хрватска веднаш изведе брз центар топката ја зема Карачиќ кој успева да погоди, но неговиот гол не беше признает.
Повратникот во репрезентацијата, крилото на Вардар, Иван Чупиќ беше најефикасен на натпреварот постигнувајќи 8 голови, додека Лука Циндриќ додаде 5 гола како втор најдобар стрелец за Хрватска. Во листата на стрелци со еден гол се запиша и Игор Карачиќ. Утре двете репрезентации ќе одиграат уште еден контролен натпревар, овој пат во арената во Загреб.
Активен беше и пикерот на Вардар, Мијајло Марсениќ кој остигна еден гол во победата на Србија, над селекцијата на Австрија. На овој дуел, Австријците има за што да жалат, со оглед дека водеа во текот на цлиот натпревар. На полувреме имаа солидно водство од четири голови (19:15). Во 37 минута имаа и најголема предност од 24:19, како и 31;29 на пет минути до крајот, но Србија беше најдобра кога највеќе требаше и тоа во финишот на мечот, кога направи серија и на крајот славеше со резултат 32:34.