Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар денеска против Крим Меркатор во регионалното натпреварување
ЖРК Вардар денеска  против Крим Меркатор во регионалното натпреварување

ЖРК Вардар денеска против Крим Меркатор во регионалното натпреварување

Нашиот  женски црвено-црн колектив,  Вардар овој викен во Љубљана ќе настапи на вториот турнир во рамките на регионалната лига. Првиот натпревар за избраничките на Дибирова на програмата е денеска од 18 часот и 45 минути.

Во истиот македонските шампионки ќе се соочат со домаќинот Крим Меркатор,  вториот дуел го играме во  недела од 16-00 часот. Ривал во истот  ни е  составот на Будуќност. Утре, сабота Крим Меркатор игра против Будуќност. Дуелите  во Словенија се последна контрола пред продолжението од сезоната во Лигата на шампионките. Следен предизвик во елитата е дуелот  со Ларвик што се игра на 4 ноември во СЦ “Јане Сандански“  во 17-00  часот.