Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите со пораз на домашен терен ја заокружија сезоната
Пионерите со пораз на домашен терен ја заокружија сезоната

Пионерите со пораз на домашен терен ја заокружија сезоната

Уште една генерација на Фк Вардар ги заврши настапите во првенството за оваа сезона. Во последното коло одиграно вчера, пионерите беа поразени од екипата на Шкендија. Мечот се одигра на теренот на Локомотива, и заврши со победа на гостите од 1:3. Стрелец на единствениот погодок за нашиот тим беше Александар Трајчевски.

Во првото полувреме се играше цврст натпревар на двете страни, со неколку шанси за двете екипи. Сепак мрежата остана незатресена, па на одмор се замина со почетните 0:0. Во второто полувреме, екипата од Тетово беше многу поквалитетен противник. Својата надмоќ дојде до израз, каде успеаа да постигнат три гола и да поведат со 3:0. Почесниот гол за црвено-црните беше дело на Трајчевски со удар од белата точка. Доволно само да се ублажи поразот. Шампион во оваа конкуренција е екипата на Металург. Со овој дуел заврши неуспешната сезона за избраниците на Ане Андоновски. Пионерите беа најслаба генерација од сите Вардарови, кои се натпреваруваа во лигата. Мала утеха беше пласманот во полуфиналето на купот на Македонија, каде стигнаа до полуфиналето. Таму во групата не успеаа да се пласираат во најдобрите две екипи. Беа забележани порази од екипите на Еуромилк и Работнички. Тимот од градски пар, подоцна и го освои ова натпреварување.