Вардарки продолжија со победите во Регионалната лига, а најновата дојде против Будуќност. Натпреварот во Љубљана го игравме без Драгана Цвијиќ, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ, покажувајќи дека и без некои стандардни ракометарки „црвено-црните” имаат квалитет. Нашиот тим победи со 21:20 обезбедени со погодокот на Лакрабер во последната минута.
Будуќност имаше предност во добар дел од првото полувреме, но Вардар успеа да ја наутрализира негативата и на одмор да замине со нерешени 9:9 со кои најави неизвесност. Вториот период повторно донесе неизвесност. а во самата завршница иако имавме негатива од 15-18, успеавме да дојдеме до победа. Полина Кузнецова и Алехандра Лакрабер ги постигнаа двата последни и најважни голови. Вардар покажа дека и покрај тоа што фалеше дел од ростерот дефинитивно може да се носиме со силни екипи како Будуќност. Кај нас прв стрелец беше Хмирова со пет гола, по четири гола впишаа Лакрабер, Радичевиќ и Лазовиќ.
Вардар – Будуќност 21-20 (9-9)
ВАРДАР: Радичевиќ 4, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 1, Лејно, Бајрамовска, Лазовиќ 4, Пенезиќ, Керамичиева 1, Чанаџија, Суслина, Лакрабер 4, Хмирова 5, Лекиќ, Петровиќ 2, Ристовска.
Будуќност: Ујкиќ, Конатар, Јауковиќ 7, Плетикосиќ, Дарли, Ласло 4, Мајловиќ 2, Премовиќ, Брновиќ, Рамусовиќ 4, Раичевиќ 1, Грбиќ 2.